ШАХ
Најуспешни поединечни резултати остварија ИМ Стефан Тадиќ и ВМ Лука Будисављвиќ, со по 8,5 поени
Нов напредок од Штип го освои првото место на квалификацискиот турнир за влез во Првата машка шаховска лига на Македонија, кој се одигра во Струга. Во конкуренција на 10 екипи со вкупно 99 учесници (тројца велемајстори, четворица интернационални мајстори, пет ФИДЕ-мајстори), од кои четворица од Србија и двајца од Црна Гора, по девет кола штипјани забележаа осум победи и едно реми, односно 17 екипни бода (38,5 по табли). Втора е екипата на Мулти Есенс од школата на Алкалоид со 16 бода (39,5), односно седум победи и две ремија, а трет е Центар од Скопје со 13 бода (32).
Во согласност со пропозициите, во највисокиот ранг на натпреварување се пласираа првите две екипи со право на настап во 2025 година. Победничката екипа настапи во состав ВМ Данило Милановиќ (2.438), ИМ Стефан Тадиќ (2.435), ФМ Дејан Динев (2.216), ФМ Александар Кралевски (2.030), Миле Трајковски (1.882) и Донче Јорданов. Најуспешни поединечни резултати остварија Тадиќ и ВМ Лука Будисављевиќ (Мулти Есенс) со по 8,5 поени.
Табела: Нов напредок 17 бода (38,5 по табли), Мулти Есенс 16 (39,5), Центар 13 (32), Кочани 12 (31), Карпош 10 (29), 7. Ноември 8 (25), Ласкер 5 (22), Прилеп 5 (21,5), Шах Шех 2 (19), Шкендија 2 (12,5). Г.И.