ЏУДО – НА МЕЃУНАРОДНОТО ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО ЗА ВЕТЕРАНИ ВО БИХ

Македонската џудо-репрезентација за ветерани, во состав Киро Здравески (во функција на селектор и натпреварувач), потоа Сашо Димовски, Мартин Ристески, Никола Божиновски и Златко Кочевски, сите натпреварувачи, ќе учествуваат на Меѓународното отворено првенство за ветерани, кое ќе се одржи в недела, во градот Шипово, во Босна и Херцеговина.
Покрај ова меѓународно првенство, предвидено е да се одржи и меѓународен џудо тренинг-камп, кој веќе почна и ќе трае до утре.
Ова ќе биде убава можност македонските џудо-ветерани уште еднаш да ги покажат своите вештини во меѓународна конкуренција. Г.И.