Националните шаховски федерации се добредојдени да ги поднесат номинациите за своите шаховски настани, информираат од ФИДЕ
НАГРАДИ „ФИДЕ 100“
За да се прослави стогодишнината на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), воспоставена е серија на награди во чест на оние што дадоа исклучителен придонес во светот на шахот во изминатите сто години. Наградите ќе се доделуваат во 19 категории, секоја категорија има одредена номинација и критериуми за гласање. Националните шаховски федерации се добредојдени да ги поднесат номинациите за своите шаховски настани во категориите најнезаборавен шаховски турнир на ФИДЕ и најнезаборавен приватен шаховски турнир. Со овие награди ќе им се оддаде признание на највлијателните шаховски турнири, кои го заслужија своето место во шаховската историја благодарение на нивната силина и репутација во шаховскиот свет и признанието од играчите и шаховската публика. Тие ќе ги препознаат и исклучителните напори на организаторите што создадоа незаборавни искуства, инспирирајќи ја глобалната шаховска заедница.
Номинациите може да се поднесат до ФИДЕ до 20 август годинава: Најнезаборавниот шаховски турнир на ФИДЕ: 100.fide.com/fide-awards-2024-%E2%81%A0the-most-memorable-fide-chess-tournament/
Најнезаборавниот приватен шаховски турнир: 100.fide.com/fide-awards-2024-%E2%81%A0the-most-memorable-private-chess-tournament/
Победниците на наградите „ФИДЕ 100“ ќе бидат објавени за време на 45-та Шаховска олимпијада (ШО) во Будимпешта во септември годинава. Повеќе информации за наградите „ФИДЕ 100“ и за поднесувањето номинации, може да се видат на официјалната страница: 100.fide.com/fide-awards-2024/. Г.И.