ТЕНИС – ТУРНИР ВО ТУНИС

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на турнирот во Тунис (се игра на тврда подлога, за награден фонд од 15.000 долари), откако во првото коло го победи Американецот Леанид Боика со 6-3, 3-6, 6-0. Ивановски, кој е петти носител на турнирот, во четврт-финалето ќе игра со победникот на дуелот Николас Тепмак од Франција и Том Еванс од Австралија.