Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи ја освои 24-та гранслем титула во кариерата, откако го победи Данил Медведев со 3-0 (6-3, 7-6 и 6-3 по сетови) во финалето на САД опен што траеше три часа и 17 минути.
Ѓоковиќ, исто така се врати на првото место на АТП листата, со што ја почна 390-та недела како светски број еден. Српскиот тенисер го израмни и апсолутниот рекорд на Маргарет Корт од 24 гранслем титули.
Откако го освои последниот поен, емотивниот Ѓоковиќ се сети и на својот голем пријател, легендарниот кошаркар Коби Брајант кој трагично загина во хеликоптерска несреќа.
По освојувањето на титулата, Ѓоковиќ извади маица со бројот 24 и пораката „Мамба, засекогаш“, што се однесува на прекарот на Брајант, кој го носеше бројот 24 во дел од својата кариера во Лос Анџелес лејкерс.
Српскиот тенисер сега има два гранслем трофеја повеќе од големиот ривал Рафаел Надал, односно четири повеќе од Роже Федерер кој ја заврши играчката кариера.