Фото: Принтскрин

Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија синоќа вооружените сили на земјата.

Повредени се најмалку 2.421 лице, а се предупредува дека бројот на загинати може да продолжи да расте, бидејќи спасувачите стигнаа до оддалечените рурални области.

Во меѓувреме, граѓаните негодуваат поради тоа што помошта не стигнува до градовите и селата во руралните планински области јужно од Маракеш.

Мароко вчера соопшти дека прифатил помош од четири странски земји, додека многу други земји исто така потврдија дека се подготвени да испратат помош. Властите „во оваа фаза“ одговорија позитивно на понудите од Шпанија, Велика Британија, Катар и Обединетите Арапски Емирати „да испратат тимови за пребарување и спасување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.