Откако го депортираа и му изрекоа тригодишна забрана за влез во Австралија на Новак Ѓоковиќ, премиерот на државата, Скот Морисон, најави дека српскиот тенисер би можел да се врати во Мелбурн и пред истекот на забраната. Морисон најавил дека тоа може да се смени под „вистински околности“.
„Забраната трае три години, но постои шанса да се разгледа укинувањето на забраната под вистински околности“, изјавил премиерот Морисон за радиото „2GB“.
Австралискиот закон предвидува убедливи или сочувствителни причини за укинување на тригодишната забрана која ја доби Ѓоковиќ.
Оваа изјава на Морисон, потенцијално ќе му овозможи на Ѓоковиќ да учествува на Австралија опен наредната година.
Австралија опен, денес започна во Мелбурн, без деветкратниот шампион Ѓоковиќ, кој се враќа во Србија.