ФОРМУЛА 1

Макс Ферстапен го постигна најбрзото време пред Луис Хамилтон на крајот од првиот тренинг во пресрет на утрешната трка за големата награда на Азербејџан во Формула 1, испрекинат со три прекини, пишува „Би-би-си“. Актуелниот светски првак Ферстапен го замени Хамилтон на врвот на временската листа по неговиот последен круг од сесијата, со 0,313 секунди пред седумкратниот светски шампион.

Серхио Перез, исто така, го постигна своето најбрзо време во последниот круг, искачувајќи се на третото место, 0,376 секунди од водечкиот. Ландо Норис, најблискиот предизвикувач на Ферстапен во шампионатот годинава, беше четврти, со 0,481 секунди зад Холанѓанецот.

Трката во Баку е утре, од 13 часот. Холанѓанецот Ферстапен води во првенството сезонава со 303 бода, 62 повеќе од Норис, а потоа следуваат Шарл Леклер со 217 бода, Оскар Пјастри со 197, Карлос Саинс јуниор со 184…, со осум преостанати трки сезонава.