ШАХ – ЕКИПНА ЛИГА, ДО ОСУМ И ДО 10 ГОДИНИ
Се одиграа дел од натпреварите на Младинската шаховска лига на Македонија во категориите до осум, 10, 12, 14, 16 и до 18 години, на која екипите настапуваат на по четири табли со право на дополнителни четири резерви. На првенствата играат вкупно 280 шахисти/ки распоредени во 48 екипи.
Најмногу екипи, по девет, има во категориите до 10 и до 12 години. Првпат имаше и екипно првенство само за девојчиња во категорија до осум години, каде што играа четири екипи. Досега завршија првенствата во категориите до осум и до 10 години, а во другите категории ќе се играат викендов.
Пласман по категории: девојчиња до осум години: 1. Гамбит Асеко СЕЕ (Скопје), 2. Цареви Кули (Струмица), 3. Гази Баба (Скопје). Момчиња до осум години: 1. Гамбит Асеко СЕЕ, 2. Алкалоид (Скопје), 3. Куманово. Момчиња до 10 години: 1. Гамбит Асеко СЕЕ, 2. Алкалоид, 3. Цареви Кули. Г.И.