КОШАРКА – НБА

Членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и официјално стана кошаркар со најмногу одиграни минути во историјата на НБА-лигата. Иако кошаркарите на Филаделфија убедливо славеа над Лос Анџелес лејкерс со 138-94, Џејмс на теренот помина нешто помалку од 30 минути (беше најефикасен во својот тим со 18 поени), но беше доволно за да влезе во историјата на НБА.
Тој го собори дотогашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар, кој во својата кариера во НБА одиграл 66.297 минути. Џејмс сега постави нов рекорд со досегашните 66.319 одиграни минути во најсилната кошаркарска лига на светот.
Неодамна Џејмс го надмина Абдул-Џабар и на листата на најдобри стрелци во историјата на НБА-лигата, сега има 39.012 поена, а Џабар претходно беше прв со 38.387.
На вечната листа во НБА-лигата, трет со најголем број одиграни минути во НБА е Карл Мелоун (62.759), четврти е Коби Брајант (57.278), а петти е Дирк Новицки (57.263). Г.И.


НАЈМНОГУ МИНУТИ ВО НБА

Леброн Џејмс 66.319
Карим Абдул-Џабар 66.297
Карл Мелоун 62.759
Коби Брајант 57.278
Дирк Новицки 57.263