Фотографии: ЕПА

Сабаленка ја брани титулата на турнирот во Мелбурн, освоена лани. За неа денешниот меч е трето гранслем-финале, а за Чинвен е прво. Медведев ќе игра во четвртиот натпревар за гранслем-трофеј (победи на САД опен во 2021 година), а Синер првпат

ТЕНИС – АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Арина Сабаленка (Белорусија) и Женг Чинвен (Кина) ќе играат денеска во финалето за тенисерки на гранслем-турнирот Австралија опен, а утре во мечот за трофејот во машка конкуренција ќе се сретнат Јаник Синер (Италија) и Данил Медведев (Русија).
Во вчерашните полуфиналиња за тенисери, Синер го победи актуелниот победник на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ (Србија) со 6-1, 6-2, 6-7, 6-3, а Медведев славеше на дуелот со Александер Зверев (Германија) со 5-7, 3-6, 7-6, 7-6, 6-3.
Сабаленка ја брани титулата на турнирот во Мелбурн, освоена лани. За неа денешното финале на Австралија опен е трето гранслем-финале во кариерата, а за Чинвен е прво. На гранслем-турнирите Сабаленка играше во финалето на САД опен во 2023 година, а има и настапи во четири полуфиналиња, и тоа на Ролан Гарос во 2023-та и на Вимблдон во 2021 и во 2023 година. Чинвен беше четвртфиналистка на САД опен во минатата година, а во 2022 година настапи во третото коло на Вимблдон и во четвртото коло на Ролан Гарос.
За Синер ова ќе биде прво финале на еден гранслем-турнир, а Медведев четврти пат ќе игра во натпревар за титулата, откако славеше на САД опен во 2021 година, а беше финалист на Австралија опен во 2021 и 2022 година. Синер на другите гранслем-турнири беше полуфиналист на Вимблдон лани и четвртфиналист на Ролан Гарос во 2020 година и на САД опен во 2022 година. Н.М.