Полска – Франција и Германијa – Шпанија полуфиналисти

КОШАРКА – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

Полска против олимпискиот вицепрвак Франција и Германија против актуелниот светски првак Шпанија се полуфиналните двојки на 41. Европското првенство (ЕП) во кошарка за мажи, чија завршница се игра во Берлин.
Полска е најголемото изненадување на ЕП, откако во неизвесен меч го елиминираа актуелниот европски првак Словенија со 90-87. Полjaците досега имаaт освоено едно сребро (1963) и три бронзи (1939, 1965 и 1967), додека на последното ЕП беа разочарувачки 18-ти. Словенија на ова ЕП е шестопласирана.
Олимпискиот вицепрвак Франција (досега има едно злато, две бронзи и шест сребра од ЕП), која, пак, на последното ЕП заврши на 12-то место, дури во продолжението ја победи Италија со 93-85, која, пак, досега на ЕП ќе остане со две злата и по четири сребра и бронзи. На последното ЕП беше шеста, а сега заврши на седмата позиција. Победниците од денешните полуфинални дуели ќе играат во големото финале, а поразените за третото место. И двете средби се в недела. Г.И.

Полуфинални двојки, денеска
Полска – Франција 17.15 ч.
Германија – Шпанија 20.30 ч.


ФУДБАЛ – ЖЕНИ

Швајцарија кандидат за домаќин на ЕП 2025

Фудбалската федерација на Швајцарија официјално се кандидира за домаќин на 14. Европско првенство (ЕП) за жени во 2025 година. Швајцарската кандидатура опфаќа девет града, Базел, Берн, Женева, Лозана, Луцерн, Сион, Сент Гален, Тун и Цирих како домаќини на турнирот, на кој ќе настапат 16 репрезентации, кои треба да одиграат 31 натпревар.
Швајцарија ќе се натпреварува за организацијата на ЕП 2025 со Франција, Полска, Данска, Финска, Норвешка и Шведска како кодомаќини. Крајниот рок за поднесување на кандидатурите до Европската фудбалска унија (УЕФА) е 12 октомври. Извршниот комитет на УЕФА ќе ја избере земјата-домаќин на ЕП 2025 на 25 јануари. Швајцарија беше кодомаќин на машкото ЕП 2008 со Австрија, а самостојно го организираше Светското првенство (СП) во 1954 година. И на тие два турнира настапија по 16 селекции. Л.Д.