На Летните олимписки игри во Токио е соборен првиот светски рекорд, од страна на пливачките од Австралија кои во штафетата 4 x 100 метри слободен стил освоија злато.

Штафетата сочинета од Мег Харис, Ема Мекион, Бронте Кемпел и Кејт Кембел беше прва со резултат 3:29,69 што е за 36 десетинки подобро од претходното време кое исто така беше поставено од штафета на Австралија.

Ова е трето злато во низа за австралиската штафета, по Игрите во Лондон и Рио.

Среброто и припадна на Канада со време 3:32.78, додека бронзата оди за САД со време 3:32.81.