РАКОМЕТ
По две натпреварувачки сезони поминати во Првата ракометна лига, екипата на Мулти Есенс, предводена од тренерот Миле Бочкароски, се врати во Суперлигата за мажи. Притоа клубот оствари импозантен вкупен биланс од 23 победи и само еден пораз. Единствениот неуспех, скопјани го доживеаја на мечот со екипата на Младост Богданци.
Во последното коло сезонава, Мулти Есенс го победи тимот на Драчево јуниор со 39-25. На овој натпревар најефикасен на теренот беше Бобан Поповски со осум погодоци, а веднаш зад него беше Немања Џигеровски, кој седум пати ја затресе противничката мрежа, и двајцата се од екипата на новиот суперлигаш. Г.И.
































