Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од силната Норвешка со 18-24 во денешниот натпревар од Еврокупот на ЕХФ, одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонските ракометарки во поголемиот дел од мечот солидно парираа на актуелниот светски и европски првак. Гостинките на полувреме водеа со два гола разлика (14-12), додека одлучувачката предност од осум гола (24-16) ја стекнаа во вториот дел.
Јована Саздовска беше најефикасна кај Македонија со шест гола, додека Моника Јаневска додаде четири, а Јована Мицевска имаше 12 одбрани на голот. Хелена Фауске се истакна кај Норвешка со шест погодоци.
Истите ривали пак ќе се сретнат в недела во Бекестуа, од 16 часот. Македонија е без поени во досегашните пет кола од Еврокупот.