Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено со Чешка 24-24 во Злин, во првиот натпревар од пресметката за пласман на Светското првенство 2023.

„Црвено-жолтите“ и покрај тоа што имаат поволен резултат пред возвратниот меч во Скопје, можат да жалат за испуштената победа, бидејќи на полувреме водеа со 13-10, а во еден момент и со седум разлика (17-10), додека во повеќе наврати имаа водство од четири до шест гола.

Најефикасен во македонскиот национален тим беше Филип Талески со пет погодоци, а капитенот и селектор Кирил Лазаров и Гоце Георгиевски дадоа по четири.

Реваншот е закажан за в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.