РАКОМЕТ – ЕВРОПСКИ КУП, ЖЕНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ

Ракометарките на македонскиот претставник Ѓорче Петров за противник во осминафиналето на Европскиот куп ја добија чешката екипа Хазена Кинзварт. Така реши вчерашната ждрепка влечена во Виена (Австрија), седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Првиот натпревар е предвиден да се одигра на 13 или на 14 јануари во Скопје, а реваншот на 20 или на 21 јануари на теренот на противникот.
Ѓорче Петров во претходните дуели во Европскиот куп сезонава ги елиминира црногорски Тиват и белгиски Еупен со вкупно четири победи, а пак, следниот ривал Хазена Кинзварт ги исфрли од ова натпреварување швајцарски Винтертур и холандски Вестфрисланд. Г.И.