Во својот четврти натпревар оваа сезона во ракометната ЕХФ Лига на шампионите, во групата А екипата на Еурофарм Пелистер на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ во Битола одигра реми 24:24 (15:13) против Спортинг.
Следниот дуел во ЛШ „зелено-белите“ ќе го имаат на 17 октомври на гостински терен против Висла Плоцк во Полска.