Фото: РФМ

Македонската женска јуниорска репрезентација го претрпе вториот пораз на ЕХФ Европското првенство во ракомет, откако попладнево загуби од Данска со 27-39 (13-18) во романскиот град Миовени, во рамки на второто коло во групата Д.

Македонските ракометарки беа резултатски рамноправни во воведните десет минути, кога при резултат 5-5 Данска со серија од 7-1 стекна висока предност која не ја испушти до крајот на натпреварот.

Ива Младеновска со седум голови беше најефикасна во македонскиот состав, додека Сара Стефаноска постигна еден помалку.

Македонските ракометарки в недела од 14.15 часот ќе играат против Чешка.