Марко Божиновски

Младиот ракометар на Бутел Марко Божиновски ненадејно почина на 20-годишна возраст.

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец потекнува од академијата на Металург чиј член беше до 2019 година пред да замине во Бутел.

Крилниот ракометар вчера беше дел од натпреварот меѓу Бутел и Пелистер 2. Причините за смррта се уште не се познати.

Минатата недела трагично почина и голманот на Охрид Никола Даниловски.