Ракометарите на Данска со убедлива победа 39-16(22-4) против Чиле во групата Ц во Копенхаген го започнаа настапот на Светското првенство, во кое се кодомаќини со Германија.
Каспер Мортенсен со осум и Микел Хансаен со седум голови ја предводеа Данска до победата против недораснатиот противник, во чии редови се истакна Родриго Салинас со четири голови.