Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска, за пласман на Европското првенство во 2022 година.
Македонија, во третиот квалификациски меч во групата, ќе го пречека светскиот првак на 11 март, а три дена подоцна ќе гостува во Алборг.
Двојна улога, како и Лазаров, во репрезентацијата ќе има и Филип Миркуловски, ракометарот на германски Вецлар.
Миркуловски ќе биде еден од помошниците на Лазаров, а покрај него во стручниот штаб ќе биде и Билјана Црвенковска, како и поранешните соиграчи на селекторот во репрезентацијата Бранко Ангеловски и Ацо Јоновски.