Фото: Принтскрин

Легендарниот хрватски и југословенски кошаркар и тренер, Мирко Новосел почина на 86-годишна возраст.

Новосел ќе остане запаметен како најтрофеен хрватски тренер. Остави неизбришлива трага во Цибона, со која го освои Купот на европските шампиони во 1985 и 1986 година, три пати беше шампион на Југославија, а седум пати го освои националниот куп.

Тој беше двократен европски шампион со Југославија, како и двократен освојувач на Евролигата.

Во 2007 година стана член на Куќата на славните во Спрингфилд, САД, а три години подоцна стана член и на Куќата на славните на Светската кошаркарска федерација (ФИБА).