ПРЕМИЕР-ЛИГА

Во Арсенал се иритирани од она што тие го сметаат за неконзистентна употреба на мониторот

Во почетокот од 2022 година има нови контроверзии во англиската фудбалска Премиер-лига. По дерби-мечот Арсенал – Манчестер сити (1-2) во Лондон, повторно има полемики околу недоследностите при донесувањето одлуки поврзани со системот видеоасистент-судија (ВАР). Во Арсенал му се лути на судијата Стјуарт Атвел поради недосудениот пенал за нив, како и за досудениот за Сити, за слични прекршоци.
Домаќините сметаат дека Атвел на мониторот требало да го провери стартот во првото полувреме. По консултацијата со ВАР, на Атвел не му било кажано да се „консултира со екранот“, по што тој останал на првичната одлука да досуди корнер. Подоцна, во вториот дел, откако не санкционирал прекршок, ВАР му сугерирал на Атвел да го „посети мониторот“, по што тој ја поништил првична одлука и досудил пенал за Сити, кој победоносниот гол го постигна во 93-та минута преку Родри, за 11-ти триумф по ред. Во Арсенал се иритирани од она што тие го сметаат за неконзистентна употреба на мониторот, наместо дали требало или не требало да има пенал.

– Во реално време тој во двата случаја сметаше дека нема пенал. Пеналите се пенали, но од ВАР му велат да провери само една ситуација, за нас, кога му беше кажано да погледне во екранот по што ја промени одлуката – изјави голманот на Арсенал, Арон Рамсдејл.

Во 59-та минута беше исклучен Габриел, со што Арсенал стана првиот тим во историјата на Премиер-лигата со 100 црвени картони. „Топчиите“ имаат 11 исклучени играчи под водство на менаџерот Микел Артета во ова натпреварување, повеќе од кој било менаџер од првиот натпревар на чело на некоја екипа.