Бразилскиот фудбалер Нејмар познат по своите луди и прилично распуштени забави, во иднина ќе може да се покаже и како добар домаќин. Имено, како што ексклузивно објави порталот ЛеоДиас, фудбалерерот го купува луксузниуот остров Јапао во близина на „рајскиот брег“ Ангре дос Реис во близина на Рио де Жанеиро. Ова задоволството на Бразилецот би требало да го чини осум и пол милиони евра.
Со оглед на годишната плата од 100 милиони евра која моментално повредениот Нејмар ја има во Ал Хилал, цената е навистина мала работа за него. Впрочем, тој и шеикот Мухамед Бингати, познат инвеститор во недвижнини од Дубаи, наводно го изнајмиле островот од 9 до 12 октомври за да го „тестираат“. Тоа задоволство ќе ги чини само осум и пол илјади долари.
Иако првично побарал 12 и пол милиони евра за островот, канадскиот сопственик сакал да го продаде што е можно побрзо, па цената набрзо паднала.
Островот има површина од два и пол хектари, нуди целосна приватност и удобност, а до него може да се стигне само со брод или хеликоптер. Луксузното сместување меѓу другото вклучува пет спални соби и седум бањи, како и бројни дополнителни содржини како базен и џакузи.