Ракометарите на Македонија до 18 години ќе играат во финалето на ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија откако денес славеа убедлив триумф над Луксембург со 32-22. За македонските кадети ова беше четврта победа во низа по која заслужено се најдоа во нокаут рундата.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Славчо Шулески со десет гола и Александар Петковски со седум погодоци.
Противникот на Македонија во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Швајцарија и Летонија. Финалето е закажано за утре во 16 часот.
Победникот во финалето на ЕХФ шампионатот во Летонија обезбедува пласман на ЕП 2024 и СП 2023 година.