Очекуваме повеќе од 400 гости, дел натпреварувачи, дел претседатели и стручни тимови од сите земји-учеснички за кои подготвуваме организација на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидеме добри домаќини и дека сите тие присутни натпреварувачи и гости ќе понесат одлични импресии и дека ќе имаме едно Балканско првенство неколку нивоа повисоко од сите досега организирани – изјави на прес-конференција одржана во Крушево, претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски, информираат од ЏФМ
Повеќе од 400 џудисти и џудо-работници од најмалку 12 земји ќе бидат дел од Балканското првенство (БП) во џудо за кадети и кадетки, кое ќе се оддржи годинава (9-11 јуни) во Крушево. Досега свое учество потврдија 12 земји, Србија, Молдавија, Кипар, Турција, Грција, Црна Гора, БиХ, Романија, Бугарија, Албанија, Косово и Македонија, но се очекува наскоро да се пријават и Хрватска и Словенија.
Балканското кадетско првентво кое гоинава (9-11ти јуни), ќе се одржи во Крушево и официјално беше најавено со прес-конференција на која говореа претседателот на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), Владимир Трпаноски, градоначалникот на Крушево Томе Христоски, спортскиот директор на ЏФМ, Ѓорѓија Стојанов и селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Дејан Мицкоски – информираат од ЏФМ.
– Сметаме дека овој пат ќе имаме одлично организирано првенство на кое ќе земат учество 12 земји. Кога се споредува со другите спортски настани, со другите спортски федерации, сваќаме дека Балканската џудо-асоцијација е една од најголемите организации на балканско ниво, каде во моментот членуваат 12 земји, но очекуваме до крајот на овој месец приклучување на уште две земји. Се работи за Словенија и Хрватска кои треба да се приклучат во оваа балканска фамилија, така што бројот ќе се зголеми на 14 земји. Очекуваме повеќе од 400 гости, дел натпреварувачи, дел претседатели и стручни тимови од сите земји-учеснички за кои подготвуваме организација на највисоко ниво. Се надевам дека ќе бидеме добри домаќини и дека сите тие присутни натпреварувачи и гости ќе понесат одлични импресии и дека ќе имаме едно Балканско првенство, неколку нивоа повисоко од сите досега организирани – изјави претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски.
Што претставува за Крушево, но и за младите, организацијата на ваков голем настан, зборуваше градоначалникот на градот, Томе Христоски.
– Вложувањата во спортот го прават Крушево препознатлива, посакувана и примамлива дестинација за сите четири сезони. Сите овие моменти, дружби, споделување на прекрасни моменти во комбинација со спортски натпреварувања се она вистинско, нешто кое ни дава посебна сила, енергија и мотив да бидеме пример за младите, дека треба да ја гледаат позитивната страна во животот, односно спортот. Сето тоа ги поврзува народите и државите на вакви големи собири и ја враќа довербата за позитивни нешта во животот за сите. Овие моменти се бесценети, оти ја враќаат довербата на сите за подобро утре – изјави Христоски.
Спортскиот директор Ѓорѓија Стојанов го потенцираше квалитетот на БП и неговото значење за развојот на македонското џудо.
– Балканското првенство е прераснато во еден тип на големо регионално натпреварување кое може да се рамни со големите европски натпреварувања и за таа цел тоа е од големо значење за нас, нашите џудисти и нашиот спорт. Веќе во август годинава за прв пат во Македонија ќе се организира Европски куп за јуниори, чија што организација за нас е од огромна чест, задоволство и значење, бидејќи во историјата на македонското џудо за прв пат организираме настан од европско ниво, каде ќе настапат повеќе од 500-600 џудисти од цела Европа, но и надвор од стариот континент. Тоа е голема заслуга на раководството на оваа федерација, на добрите политики на оваа федерација – истакна Стојанов.
За подготовките и завршната селекција свој увид даде и селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Дејан Мицкоски.
– Првата фаза веќе помина. Имавме еден подготвителен тренинг-камп во поширок состав, а пред нас следи втората фаза каде ќе ја извршиме и финалната селекција на нашите претставници на ова БП. Имаме предвидено уште два контролни натпревара и еден тренинг-камп, натпреварите ќе бидат од меѓународен карактер токму во следните седмици, така што во средината на мај јас како селектор заедно со моите помошници, кои се актуелни тренери на кадетската селекција, ќе го извршиме финалниот избор на репрезентативци кои ќе земат учество на ова натпреварување. Имам предвидено завршни припреми некаде во последната недела пред БП, кои ќе бидат токму тука, во Крушево – посочи Мицкоски.
За безрезервната поддршка во организацијата на првенството, градоначалникот Христоски доби подароци од ЏФМ, а крајот на прес-конференцијата беше искористен и за промоција на официјалната реклама за настанот. Сите натпревари од БП ќе се одржуваат во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“, а влезот ќе биде бесплатен – стои во соопштението на ЏФМ. Г.И.