Фото: Фејсбук/КФМ

Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва против Босна и Херцеговина ја забележа првата победа во квалификациите за Европското првенство 2023, славејќи со 68-66 во Сараево.

Претходно, во 5. коло од групата А, селекцијата на Белгија стигна до убедлива победа на гостувањето во Германија (69-44), и го осигури пласманот на Европското првенство.

Токму Белгијките се нареден противник на Македонија, в недела од 18 часот во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.