Данска ќе ја пречека Македонија во арената „Нествед“, која се наоѓа на околу 70 км од главниот град Копенхаген
КОШАРКА – ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025
Македонската машка кошаркарска репрезентација со настап на гостински терен во Данска, на 25 август, ќе го започне настапот во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2025 година. Црвено-жолтите ќе играат во градот Нествед, кој е оддалечен околу 70 км од главниот град на Данска, Копенхаген. Капацитетот на салата е 3.000 седишта и се очекува да биде целосно исполнета. Судиската правда на овој меч им е доделена на Танел Суслов (Естонија), Чан Мавису (Турција) и Франциско Арања (Шпанија), а во улога на делегат ќе биде Александер Фасен од Холандија.
Три дена подоцна, односно на 28 август, во Скопје, Македонија ќе игра со Словачка, а судии на мечот ќе бидат Чиприан Стоика (Романија), Озлем Јалман (Турција) и Александр Деман (Франција), додека делегат ќе Албанецот Ставри Бело.
Во групата со Македонија, покрај Данска и Словачка, е и селекцијата на Норвешка. Четирите селекции се во групата Д од претквалификациите, а само првопласираната ќе игра во квалификациите за ЕП во 2025 година. Г.И.