Од групата, Гру­зи­ја и акту­ел­ни­от свет­ски пр­вак Шпа­ни­ја ве­ќе обез­бе­ди­ја плас­ман во вто­ра­та фа­за во ква­ли­фи­ка­ци­и­те за СП, каде што ќе играат пр­ви­те три се­лек­ции од се­ко­ја од осум­те гру­пи. Во случај две репрезентации да имаат ист број бодови, решава исходот на директните дуели на тие селекции

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2023

Македонската машка кошаркарска репрезентација, под водство на селекторот Драган Бајиќ, денеска ќе го има првиот собир, закажан во 10 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамките на подготовките за претстојните два последни дуела во групата Г, во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2023 година (25 август – 10 септември) во Индонезија, Јапонија и Филипини. Предвидено е одработување на осум тренинзи во Скопје, по два секојдневно во текот на мини-подготовките. На 29 јуни (среда), Македонија преку Истанбул и Мадрид, патува за Сарагоса, каде што истиот ден, во вечерните часови, ќе го има и првиот тренинг во „Павиљон Принчипе Фелипе“, каде што на 1 јули ќе го игра мечот со Шпанија.
Моментно Македонија е на последното, четврто место во групата, со четири бода, односно четири порази, колку што има и Украина, но со натпревар помалку. Води Грузија со седум бода, пред актуелниот светски првак Шпанија со шест бода, но и со натпревар помалку. Тие две селекции и пред последниот јулски циклус веќе обезбедија пласман во втората фаза во квалификациите за СП. Во случај две репрезентации да имаат ист број бодови решава исходот на директните дуели на тие селекции.

На 1 јули, Македонија во Сарагоса му гостува на актуелниот светски првак Шпанија, а на 4 јули во Скопје (18 часот) ќе ја пречека Украина во СЦ „Борис Трајковски“. Во Киев, македонските кошаркари беа поразени од Украина (61-78), двапати од Грузија (70-91 и 65-79) и еднаш од Шпанија во Скопје (65-94). Во втората фаза на квалификациите за СП одат првите три селекции од секоја од осумте групи.
Црвено-жолтите и овој пат ќе настапат во некомплетен состав. Поради повреда ќе недостигаат клучните играчи Ненад Димитријевиќ, Џејкоб Вајли, Андреј Магдески, Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ… Селекторот Бајиќ за овие два дуела го скрати поширокиот список од 24 на следниве 14 кошаркари: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов, Дамјан Робев, сите од актуелниот шампион МЗТ Скопје, Андреј Маслинко, Страхил Николов, Виктор Ташовски, сите од ТФТ, Стојан Ѓуроски од Пелистер, Виктор Ефремовски од Гостивар, Валмир Какруки од Работнички и интернационалците Теодор Симиќ од Барселона, Андреј Јакимовски од Вашингтон Стејт (НЦАА-САД) и Рубин Стефанов, кој настапува во Канту, Италија. Г.И.