КОШАРКА – НБА, ФИНАЛЕ
Мајами се пласира во финалето на кошаркарската НБА-лига, по победата на гости кај Бостон, со што вкупно славеше со 4-3 во победи и во серијата за титулата (до четири победи) ќе се сретне со Денвер, кој е шампион на Западната конференција и кој е домаќин на првиот финален натпревар, в петок рано наутро.
Мајами е шампион на Источната конференција иако во плејофот влезе како осми, играјќи прво во квалификациите за настап во плејофот. Мајами, кој е само вториот носител број осум што некогаш се пласирал во финалето, стигна до финалето со победа во седмиот натпревар од серијата за титулата на Истокот во Бостон, една година откако Бостон победи во мечот број седум на паркетот на Мајами за да ја освои титулата на Истокот таа година.
Тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун, ќе се обиде првпат да освои титула во НБА и тој би станал 36-от тренер во историјата на лигата што освоил шампионска титула. Ерик Споелстра од Мајами, пак, ја бара својата трета титула како главен тренер (две досега со Мајами), со која би им се придружил само на Фил Џексон, Ред Оербах, Пат Рајли, Џон Кундла, Грег Попович и Стив Кер како шампионски тренери со најмалку три титули.
Денвер игра за својата прва титула, а Мајами за четвртата (претходно славеше во 2006, 2012 и во 2013 година), во своето седмо финале. Мајами има тројца шампиони, Удонис Хаслем беше дел од сите три титули на клубот, Кевин Лав освои титула со Кливленд, а Кајл Лори доби прстен со Торонто, а Денвер има еден првак во нивниот состав, Кентавиус Колдвел-Поуп има трофеј со Лос Анџелес лејкерс во 2020 година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“. Н.М.