КОШАРКА – НБА

Леброн Џејмс се приближи до рекордот на сите времиња во кошаркарската НБА-лига, постигнувајќи 46 поени во поразот на Лос Анџелес лејкерс од Лос Анџелес клиперс, со 133-115.
Тој сега е на 178 поени од рекордот на Карим Абдул-Џабар, кој во кариерата постигна 38.387 поени, но Џејмс, исто така, стана првиот кошаркар кој имал натпревар со барем 40 постигнати поени против секоја НБА-франшиза, пишува „Би-би-си“.
Според моментната форма, Џејмс е на пат да го собори рекордот во рок од две недели. На средбата со градскиот ривал тој постигна и најмногу тројки во кариерата на еден меч, девет. ЛА клиперс ја забележа својата 10-та последователна победа на меч со ЛА лејкерс, серија што се протега на воведниот натпревар од сезоната 2020/2021, пишува „Би-би-си“.
Ла клиперс се искачи на петтото место во Западната конференција, а ЛА лејкерс е на 13-то место.