Фото: Архива

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти е победник на 36-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид ја исплива за 4:53:14 часа, што е нов рекорд на патеката.

Во женска конкуренција најдобра беше французинката Каролин Жуис, која замислената целна линија ја мина после 5:05:59 часа пливање.

Првите честитки на победниците на целта на Кејот на Охридското Езеро им ги упатија претседателот Стево Пендаровски, како и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Најдобриот наш пливач е Евгениј Поп-Ацев, кој целта ја мина како петтопласиран.

Наградниот фонд на трката изнесува 12 илјади евра, распределни соодветно за првите тројца во двете категории.