Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да може да отпатува во Њујорк за последниот грен – слем турнир сезонава САД Опен, кој почнува идната недела.

– За жал, не можам да патувам во Њујорк на САД Опен, напиша Ѓоковиќ на Твитер пред жрепката за грен – слем турнирот.

– Со среќа на другите тенисери. Ќе останам во добра форма и позитивен дух, и ќе чекам друга шанса да се натпреваруваме заедно -порача српскиот тенисер.

Американскиот закон забранува влез во земјата за невакцинирани странци, меѓу кои е и Ѓоковиќ.

Тоа ќе биде втор грен – слем турнир сезонава кој Ѓоковиќ ќе го пропушти, откако австралиските власти го депортираа во Србија непосредно пред почетокот на Австралија Опен.