Фото: Ѓоковиќ/инстаграм

Новак Ѓоковиќ од почетокот на годината е во Австралија каде на стартот од новата тениска сезона настапува на Австралија опен. Српскиот тенисер ќе ја брка 11-та титула на првиот Грен слем сезонава и вкупно 25-та титула на најсилните тениски турнири. Во тензичниот меч од првото коло, тој по пресврт го победи Американецот Нишеш Басавареди.

Во пресрет на турнирот, магазинот GQ објавуви интервју со него. Во првиот дел, Ѓоковиќ се осврна на 2021 година и периодот што го поминал во имиграциски центар за време на пандемијата на коронавирус, каде што бил сместен пред да биде депортиран од земјата бидејќи не бил вакциниран. Во вториот дел тој зборуваше за неговите афинитети кон регионот на поранешна Југославија и нејзиниот народ и откри дека поради неговата поддршка, пред се за Хрватска, понекогаш имал проблеми.

„Дури ме прозиваа и некои високи државни службеници. Но, за мене тоа е прилично едноставно: прво, имам семејство од Хрватска. И второ, така се чувствувам во моето срце. Како можам да навивам за некого кој е подалеку од мене наместо некој кој ми е сосед и со кого имам не само роднински врски туку и толку многу сличности“, рече меѓу другото Ѓоковиќ.

Со оглед на неговиот многу пријателски однос кон регионот, новинарот го праша дали Хрватска и Србија треба да се обединат.

„Во моите најлуди соништа, би рекол во совршено сценарио, зошто да не? Зошто да не?“, започна најдобриот тенисер на светот. „Ако зборуваме ист или многу, многу, многу сличен јазик, има мали разлики меѓу нив, но сите совршено се разбираме. Ако ги погледнете нашите национални традиционални униформи, народни носии, етнички носии, музика, танц, храна – исто. Сосема исто. Само различни зборови се користат за да се опише. Значи, да, јас сум повеќе застапник за наше здружување, колку што е тоа возможно“, заклучи Ѓоковиќ.