ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ПЛЕЈОФ

На сите вечерашни четири реванш-мечеви во плејофот за пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) една од екипите има минимална предност, од еден гол, по првите натпревари одиграни минатата недела. Така, со победа дома, Феенорд (1-0) и Клуб Бриж (2-1) патуваат на гостувањата во Италија, кај Милан, односно кај Аталанта, а Баерн (2-1) и Бенфика (1-0) ги почнуваат со предност средбите дома со Селтик, односно со Монако.
По денешните реванши ќе бидат формирани и првите четири групи пред ждрепката за осминафиналето, в петок. Така, вкупниот победник на мечот Милан – Феенорд (вечерашниот меч почнува во 18.45 часот) ќе игра со Арсенал или со Интер, тимот што ќе триумфира на средбата Аталанта – Клуб Бриж (21 ч.) ќе се сретне со Лил или со Астон вила, подобриот на дуелот Баерн – Селтик (21 ч.) ќе игра со Атлетико или со Баер, а вкупниот победник од средбата Бенфика – Монако (21 ч.) со Ливерпул или со Барселона.
Утре на програмата се уште четири реванш-натпревари од плејофот, и тоа Пари сен Жермен – Брест (прв меч 3-0), Реал Мадрид – Манчестер сити (3-2), ПСВ Ајндховен – Јувентус (1-2) и Борусија Дортмунд – Спортинг (3-0). Н.М.