Ливерпул по пет кола прв обезбеди пласман во следната рунда натпревари,
а тоа можат да го остварат уште неколку клуба во шестото коло
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Ливерпул гостува кај Џирона на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, а Аталанта и Реал Мадрид ќе играат во реприза на годинашниот Суперкуп, денеска, во шестото коло на Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал. Ливерпул по пет кола прв обезбеди пласман во следната рунда натпревари, а тоа можат да го остварат уште неколку клуба во шестото коло. По осум кола, во осминафиналето ќе играат првите осум тима и победниците на плејоф-мечевите, во кое ќе настапат тимовите од деветтото до 24-то место на табелата.
Двојки за денеска: Џирона – Ливерпул, Динамо З. – Селтик (од 18.45 ч.), Аталанта – Реал М., Баер – Интер, Клуб Бриж – Спортинг, Салцбург – Пари сен Жермен, Шахтер – Баерн, Лајпциг – Астон вила и Брест – ПСВ Ајндховен (од 21 ч.). Утре играат: Атлетико М. – Слован, Лил – Штурм (од 18.45 ч.), Милан – Црвена звезда, Арсенал – Монако, Борусија Д. – Барселона, Феенорд – Спарта, Јувентус – Манчестер С., Бенфика – Болоња, Штутгарт – Јанг бојс (од 21 ч.).
Табела: Ливерпул 15, Интер 13, Барселона и Борусија по 12, Аталанта 11, Баер, Арсенал, Монако, Астон вила, Спортинг, Брест и Лил по 10, Баерн, Бенфика, Атлетико и Милан по девет, Манчестер С., ПСВ, Јувентус и Селтик по осум, Феенорд, Клуб Бриж и Динамо по седум, Реал М. шест, Пари сен Жермен, Шахтер, Штутгарт и Спарта по четири, Штурм, Џирона, Црвена звезда и Салцбург по три, Болоња еден, Лајпциг, Слован и Јанг бојс се без бодови. Н.М.