ФУДБАЛ

Манчестер сити без пораз ја освои европската фудбалска титула сезонава (оствари осум победи и пет ремија) и со тоа стана 11-от клуб што без пораз го освојува вредниот трофеј.

По двапати тоа го направија Ливерпул (во 1981 и во 1984 година), Милан (1989, 1994), Ајакс (1972, 1995) и Манчестер јунајтед (1999, 2008), а по еднаш Интер (1964), Нотингем форест (1979), Црвена звезда (1991), Марсеј (1993), Барселона (2006) и Баерн (2020).

Баерн е единствениот тим што до европската титула стигна само со победи (забележа 11 победи, без ниту еден пораз и реми).