Фото: Твитер/Официјален профил на ЛШ

Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите

Реал Мадрид вечерва ремизираше на домашен терен со Манчестер сити 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Стрелец на голот за Реал беше Винисиус Жуниор во 36. минута со удар од далечина, a „граѓаните“ одговорија на сличен начин преку Кевин Де Брујне кој упати неодбранлив шут во 67. минута.

Натпреварот беше 190-ти за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во Лигата на шампионите. Тој се израмни со рекордерот во елитното натпреварување Алекс Фергусон.

Реваншот од полуфиналето ќе се одигра во Манчестер на 17 мај.

Утревечер во првата пресметка од втората полуфинална двојка ќе се соочат Милан и Интер.