ФУДБАЛ – ПРЕМИЕР-ЛИГА

Клубовите од англиската фудбалска Премиер-лига се договорија навивачите што ќе бидат прогласени за виновни за „неовластено влегување на теренoт или за употреба на димни бомби и други пиротехнички средства да добијат автоматска суспензија од 12 месеци“. Забраните може да се прошират и на родителите или на старателите на деца што учествуваат во такви активности, пишува „Би-би-си“.

Ваквите мерки се одговор на напливот на опасни навивачки инвазии на терените во Премиер-лигата и во пониските лиги минатата сезона и обид за наоѓање решение за растечкиот проблем. Мерките стапуваат во сила од следното коло во Премиер-лигата, на 1 и 2 октомври.

Покрај воведувањето автоматски забрани за навивачите, Фудбалската асоцијација (ФА) најави и построги санкции за клубовите. Л.Д.