ФИФПРО рече дека тоа е најопширен експертски консензус досега за заштитните мерки од прекумерен обем на работа во професионалниот фудбал. Меѓу препораките се четиринеделна пауза надвор од сезона, задолжителни паузи во средината на сезоната, најмалку четиринеделен период на подготовки пред враќањето на натпреварувачките активности и задолжително разгледување на патувачкото оптоварување на играчите, пишува „Би-би-си“
ФИФПРО
На професионалните фудбалери треба да им се дозволи најмалку четиринеделна пауза надвор од сезоната, плус најмалку четиринеделен период на подготовки пред да се вратат во натпреварувањата, пишува во студијата, објавена од Глобалниот синдикат на фудбалери (ФИФПРО), во која 70 медицински експерти и експерти за перформанси се договорија за вкупно 12 заштитни мерки што сакаат да ги воведат, во обид да ги заштитат фудбалерите од исцрпеност и од прекумерен обем на работа, пишува „Би-би-си“.
ФИФПРО рече дека тоа е најопширен експертски консензус досега за заштитните мерки од прекумерен обем на работа во професионалниот фудбал. Беше потребна согласност од повеќе од 75 отсто меѓу учесниците за да се утврди секоја препорака, пишува „Би-би-си“.
Меѓу препораките се четиринеделна пауза надвор од сезоната, задолжителни паузи во средината на сезоната, најмалку четиринеделен период на подготовки пред враќањето на натпреварувачките активности и задолжително разгледување на патувачкото оптоварување на играчите.
– Оваа студија ги презентира безбедносните стандарди засновани на независни мислења на медицински и експерти за перформанси што работат во професионалниот фудбал, кои го разбираат менталниот и физичкиот притисок врз играчите. Ако сите можеме да се согласиме дека здравјето е на прво место, тогаш треба да преземеме чекори за спроведување на овие заштитни мерки – рече професорот доктор Винсент Гутебарџ, медицинскиот директор на Глобалниот синдикат на фудбалери, пренесе „Би-би-си“. Н.М.