ФУДБАЛ
Новиот европски првак може да освои најмногу 28,25 милиони евра
Наградниот фонд на годинашното Европското првенство (ЕП) е на исто ниво како и за ЕП 2020, односно вкупно 331 милион евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница. Само за учество секоја селекција добива по 9,25 милиони евра, во групната фаза победата вреди еден милион, а ремито 500.000 евра. За пласман во осминафиналето наградата е 1,5 милион евра, за четврт-финалето 2,5 милиони, за полуфиналето четири милиони, вицешампионот ќе добие дополнителни пет милиони, а новиот европскиот шампион ќе добие дополнителна исплата од осум милиони евра. Максималната сума што може да ја освои шампионскиот тим, доколку ги добие сите три натпревари од групата, е 28,25 милиони евра, пишува УЕФА. Н.М.
ФУДБАЛ
Палмер и Гордон играат за необична двојна круна
Англиските фудбалски репрезентативци Кол Палмер и Ентони Гордон на годинашното сениорско Европско првенство (ЕП) имаат шанса за необична двојна круна. Тие се во составот на англиската селекција за ЕП 2024 што почнува денеска со мечот на домаќинот на првенство Германија со Шкотска, а двајцата беа дел и од репрезентацијата на Англија, која лани победи на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се играше во Романија и во Грузија. Палмер и Гордон беа стандардни првотимци во тој шампионски состав на Англија, а Гордон беше прогласен за најкорисен фудбалер на младинското ЕП 2023. Н.М.
ЕП 2024, ПРВО КОЛО
Група А
Германија – Шкотска 21 ч.
Унгарија – Швајцарија утре, 15 ч.
Група Б
Шпанија – Хрватска утре, 18 ч.
Италија – Албанија утре, 21 ч.
Група Ц
Словенија – Данска недела, 18 ч.
Србија – Англија недела, 21 ч.
Група Д
Полска – Холандија недела, 15 ч.
Австрија – Франција понеделник, 21 ч.
Група Е
Романија – Украина понеделник, 15 ч.
Белгија – Словачка понеделник, 18 ч.
Група Ф
Турција – Грузија вторник, 18 ч.
Португалија – Чешка вторник, 21 ч.