Мечот со Бугарија привлече големо внимание и на Твитер
Кој ѝ недостигаше на Македонија за да победи убедливо, свирежите за бугарската химна и моментниот пад во формата на фудбалската репрезентација беа спомнати меѓу коментарите на Твитер за синоќешниот дуел со Бугарија (0-1) одигран во Скопје, во рамки на Лигата на нации, што привлече големо внимание на социјалните мрежи. Во продолжение ги издвојуваме поинтересните твитови, од кои дел на шеговит начин даваат видување за натпреварот.
„Ернесто“ причината за поразот ја гледа во тоа што адвокатот Тони Менкиноски не беше дел од тимот на селекторот Благоја Милевски, сметајќи дека со него Македонија ќе славеше со 17-0. Менкиноски е познат како правен застапник на Македонците од Бугарија пред судот за човекови права во Стразбур.
Зошто изгуби МАКЕДОНИЈА од Бугарија? – Па Адвокатот Тони Менкиноски не беше дел од тимот, иначе ќе беше 17:0 за Македонија !
— Ernesto (@ErnestoCezarmkd) September 27, 2022
Понудено е и објаснување за свирежите упатени кон бугарската химна, што предизвика остри реакции од бугарската јавност и од тамошните водечки политичари.
20 год одам на стадион, не сум испуштила натпревар на репрезентацијата.
Прв пат е исвиркана нечија химна.
Заслужено.
Колку што тие ни ја почитуваат Македонија, толку ние Бугарија.
А и мислењето на овие што глумат култура, додека пишуваат навреди за свиркањето.— Елче Зелче (@ElcheZelche) September 26, 2022
Утеха за поразот се бара и во играта што Македонија ја прикажува.
Што би рекол Сер Боби, изгубивме, но Македонија никогаш не играла поубав фудбал.
— Кенни Роджерс (@KRodzers) September 23, 2022
„Виктор Стевич“ синоќа одлучил да го гледа филмот „Трето Полувреме“ каде што водиме со 2-1, наместо натпреварот од Лигата на нациите.
Вие кога сте будали гледајте фудбал, ја си го гледам "Трето Полувреме", 2-1 водиме
— Виктор Стевич (@Viktor_Stevich) September 26, 2022
„Раиконен“, пак, смета дека фудбалската репрезентација претрпела пад од пласманот на последното првенство, преку доаѓањето на чекор од учество на претстојното Светско првенство, па до поразот од Бугарија на домашен терен.
Од Европско, од чекор до светско, до пораз дома од бугарија.
Тешко се оди до врвот, лесно се паѓа.
Фудбал.
Живот.— Раиконен (@iceman_2727) September 27, 2022