Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо достигна значајна бројка во четвртокот, постигнувајќи го 900. гол во својата сениорска кариера, во натпревар од Лигата на нации, во победата дома со Хрватска, со 2-1. Голот беше негов 131. за Португалија, а на клупско ниво досега постигнуваше погодоци за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и за сегашниот клуб Ал-Наср.
Тој постигна вкупно пет гола за Спортинг, потоа за Манчестер јунајтед забележа 145 погодоци, 450 за Реал Мадрид, 101 во Јувентус и досега 68 за Ал-Наср, пишува „Би-би-си“. Роналдо најави дека сака да достигне бројка од 1.000 гола во кариерата. Зборувајќи со својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, во интервју на неговиот канал на Јутјуб, Роналдо рече: „Сакам да стигнам до 1.000 гола“, пренесе „Би-би-си“. Н.М.


СИТЕ СЕНИОРСКИ ГОЛОВИ НА РОНАЛДО

Ал-Наср 68
Јувентус 101
Манчестер Ј. 145
Португалија 131
Спортинг 5
Реал Мадрид 450
Вкупно 900

Извор: „Би-би-си“