Репрезентациите избраа музика што ќе се слуша по нивни постигнати голови

Пред почетокот на Светското првенство, секоја репрезентација достави до Светската фудбалска федерација (ФИФА) една или две песни што ќе се репродуцираат на стадионот кога и да постигнат гол, пишува ЕСПН. Репрезентацијата на САД за овој Мундијал ја избра „Feel So Good“, Австралија „Down Under“ на „Мен ет ворк“, а нивна резервна опција е „On my Mind“ на „Паудерфингер“. Германија ги избра канадските рокери „Никелбек“ со „When We Stand Together“ како нивна славеничка мелодија. Бразил избра мелодија на „Ескола де самба“ (Esquentado O Couro), а изборот на Холандија е „Samba De Janeiro“ на Белини. Очекувајте да го слушнете „Idol“ од БТС кога Јужна Кореја ќе постигне гол. По погодок на Данска ќе се слуша „Re Sepp Ten“, песна снимена од данската екипа во 1986 година за нивната кампања за Светското првенство во Мексико таа година. „Freed from Desire“ е песната во избор на репрезентациите на Англија, Полска и на Швајцарија, кои ја одбраа класиката за танц од 1990-тите, пишува ЕСПН…