ФУДБАЛ – ШКОТСКА

Селтик се покажа премногу силен за второлигашот Инвернес, бидејќи го освои и шкотскиот фудбалски куп и петтата домашна тројна круна во претходните седум сезони, пишува „Би-би-си“. Селтик победи со 3-1 и на шампионската титула (53-та) и на трофејот во Лига-купот на Шкотска (21.), сезонава го додаде и пехарот за Купот на Шкотска, вкупно рекорден 41. Ова е вкупно осма тројна круна за Селтик (претходно тоа го оствари во 1967, 1969, 2001, 2017, 2018, 2019 и во 2020 година).