• Фудбалерите што настапуваат во петте најсилни домашни првенства сочинуваа 56 отсто од играчите што играа во осминафиналето, 79 во четврт-финалето, 91 во полуфиналето и 88 проценти во финалето на СП 2026, пишува „Ројтерс“

Светското фудбалско првенство годинава беше најголемо во историјата, настапија 48 репрезентации, играа 1.248 фудбалери и беа одиграни 104 натпревари во три земји домаќини. Но анализата на „Ројтерс“ покажува дека селекциите беа составени од тесен круг работодавци, истите европски лиги што доминираат во клупскиот фудбал.
Премиер-лигата (Англија), Бундеслигата (Германија), Ла лига (Шпанија), Серија А (Италија) и Лига 1 (Франција), заедно познати како петте најсилни домашни првенства, имаа 464 од вкупно 1.248 фудбалери (37 проценти) во сите 48 репрезентации, повеќе од една третина од сите фудбалери на планетарниот фудбалски турнир. Така, 154 играчи имаше од Премиер-лигата, 94 од Бундеслигата, 77 од Лига 1, 73 од Ла лига, 66 од Серија А и 784 фудбалери од други домашни првенства.
Иако на годинашното Светско првенство (СП) имаше16 земји повеќе од претходно, играчите стануваа повеќе европски како што напредуваше турнирот. Фудбалерите од петте најголеми домашни првенства сочинуваа 50 отсто од играчите во шеснаесеттина финалето. Нивниот удел се зголемуваше во речиси секоја фаза, па, така, тие сочинуваа 56 отсто во осминафиналето, 79 во четврт-финалето и 91 проценти во полуфиналето, а се намали на 88 отсто во финалето меѓу репрезентациите на Шпанија и на Аргентина, откако Аргентина ја победи Англија во полуфиналето на СП, пишува „Ројтерс“.
Сите 48 селекции беа составени од фудбалери од првенства во 68 различни земји, но неколку го имаа најголемиот дел од талентот. Англиските лиги водат со голема разлика, таму играа 206 фудбалери, повеќето од нив во Премиер-лигата. Германските лиги имаа 109 фудбалери, француските и шпанските по 86, а италијанските лиги 71.
Ниту една од четирите од петте најголеми земји што играа на СП 2026 немаше најмногу фудбалери од домашните првенства.

Катар и Саудиска Арабија имаа најмногу домашни фудбалери, 25 од 26 играчи, потоа следуваа Англија (21 од 26, сите во Премиер-лигата), Германија (19 во Бундеслигата) и Јужна Африка (19), пишува „Ројтерс“.
Осум селекции имаа спротивен профил, со состав во кој секој играч живее во странство. Тие вклучуваат два од дебитантите на годинашниот фудбалски Мундијал, Зелено’ртските Острови и Курасао, чии цели репрезентации беа составени од фудбалери во странски првенства, како и Канада, ДР Конго, Брегот на Слоновата Коска, Нов Зеланд, Сенегал и Уругвај.
Светското првенство со 48 репрезентации беше најглобалното во историјата, откако речиси една четвртина од 211-те земји членки на ФИФА настапија на СП 2026. Но, до полуфиналето, 95 од 104-те играчи што беа во игра ги заработија своите клупски плати во едно од најсилните пет првенства во Европа, пишува „Ројтерс“. Н.М.