Фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија на гостувањето во Манчестер, од селекцијата на Англија го претрпе рекорден пораз во својата историја. Дуелот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 на „Олд Трафорд“ заврши со 7-0 за домаќините.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа немоќни на секој дел од теренот. Англичаните голгетерската серија ја започнаа во 29 -та минута кога резултатот го отвори Хари Кејн. До крајот на првото полувреме во листата на стрелците се запишаа Букајо Сака и Маркус Рашфорд.

За само шест минути во вториот дел, Сака погоди уште два пати забележувајќи хет-трик. Следуваа головите на Филипс во 64. и на Кејн, кој со својот втор погодок во 73.минута од пенал зголемија на 7-0

На првиот денешен натпревар од Ц-групата, Украина ја победи Малта со 1-0.

Англија е прва на табелата со максимални 12 бода од четири средби. Украина е втора со шест бода од три натпревари. Италија е трета со три бода од две средби. По двата јунски пораза, македонската репрезентација падна на четвртата позиција со три бода од три натпревари. Последна е Малта без освоен бод по четири кола.