ФУДБАЛ – РАНГ-ЛИСТА НА ФИФА
Македонската репрезентација напредуваше за две места на најновата, септемвриска ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и сега е на 66-то место. Во овој период Македонија освои 12,42 поена со ремито со Италија дома и со победата над Малта на гости, во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) в година во Германија.
На врвот, светскиот првак Аргентина го зголеми водството пред второпласираната Франција, а потоа следуваат Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Холандија… Меѓу првите 10 репрезентации, единствената измена е скокот на Португалија на осмото место, по што сега Италија е деветта. Меѓу водечките десет селекции е и Шпанија.
Следната ранг-листа ФИФА треба да ја објави на 26 октомври, а дотогаш македонската репрезентација треба да игра на 14 октомври со Украина во Прага (Чешка), во квалификациите за ЕП 2024, а потоа и со Ерменија, на 17 октомври, во пријателски натпревар во Струмица. Н.М.