Тие за првпат се пласираа во едно четврт-финале, откако во нокаут-фазата минимално со 1-0 ја совладаа Јамајка

ФУДБАЛ – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЖЕНИ

Фудбалерките на Колумбија се пласираа во четврт-финалето на Светското првенство (СП) за жени, кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд, откако на почетокот од нокаут-фазата минимално со 1-0 ја совладаа Јамајка.
Решавачкиот гол вреден четврт-финале беше виден во 51-та минута, а го постигна центарфорката Каталина Усме.
Ова претставува историски момент за оваа држава, која никогаш досега не успеала да се пласира во едно осминафинале на СП, а сега е и единствената репрезентација од Јужна Америка што стигна во четврт-финалето на ова СП.
Секако Колумбија нема да застане тука, туку ќе настојува успешно да го продолжи патот кон посакуваното финале. А на тој пат следен противник ќе ѝ биде силната Англија. Тој меч ќе се игра в сабота, од 12.30 часот. Г.И.